Skip to main content
Свет

„Да го спасиме ТикТок“ – повик на Трамп откако апликацијата престана да работи во САД

19/01/2025  18:06

Ден пред неговата инаугурација, новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп денеска повика да се спаси ТикТок.

„Да го спасиме ТикТок“, напиша Трамп на својата платформа Truth Social, неколку часа откако популарната апликација престана да функционира за околу 170 милиони американски корисници, поради стапувањето во сила на законот со кој се суспендира нејзината работа, со образложение дека ја загрозува на национална безбедност на САД.

Трамп претходно најави дека по преземањето на функцијата, најверојатно ќе му даде на ТикТок одложување од 90 дена – ветување што ТикТок го пренесе во пораката до корисниците на апликацијата.