Skip to main content
Македонија

Д-р Трајановски: Субвенции и финансиска поддршка за граѓаните за справување со загадувањето!

10/10/2025  09:27

Еден од приоритетите на Општина Аеродром мора да биде решавање на проблемот со загадувањето, истакна во гостување на Сител телевизија кандидатот за градоначалник на Аеродром од СДСМ, Д-р. Александар Трајановски.

Општината мора да излезе со субвенции, да даде финансиска поддршка за набавка на инвертер клими, за велосипеди, за да се намали загадувањето. Јас како доктор знам колку е тоа штетно, колку е полна клиниката за Пулмологија, вели Трајановски.

Докторот ги коментираше и протестите кои секојдневно се случуваат поради загадувањето од Вардариште и Дрисла, при што истакна дека недозволиво е локалната самоуправа, да не постапи кога нејзините граѓани бараат помош и реакција од неа.