Skip to main content
Македонија

Д-р Стојановска – Јовановска: Со ставот „ништо не ми е“ многу луѓе го кријат својот страв за здравјето

19/01/2025  21:34

Редовните контроли и прегледи се најважниот чекор кон превенција на човековото здравје, порача вечерва психологот д-р Мирјана Стојановска – Јовановска на поткаст ЗРАК со д-р Марина. 

Тема на последната епизода од поткастот беше важноста на семејствата во поддршката на нивни заболени од рак и други тешки болести. 

Стојановска – Јовановска порача дека улогата на блиските е мошне важна во борбата против болеста, но и за моментот на превенција. 

“Оние кои боледуваат од депресија никогаш не би станале од кревет и не би направиле ништо, затоа тука се важни токму најблиските на лицето кое болува од некоја болест“ рече таа. 

Психологот истакна и дека многу луѓе ги занемаруваат симптомите на некоја болест и одбиваат прегледи а сето тоа е последица на некој страв. 

„Многу од луѓето, со таквата немарност, велејќи „ќе помине“ и „ништо не ми е“ всушност го кријат својот страв“ заклучи Стојановска – Јовановска