Skip to main content
Македонија

Д-р Пановски: Болниците во северните земји немаат резистентни соеви бактерии, добро е пациентите со изгореници таму да се лекуваат

24/03/2025  22:12

Пациенти со изгореници од пожарот во дискотеката во Кочани се однесени во 14 различни земји, и сместени се во повеќе различни болници, а тоа според д-р Никола Пановски е мошне добро, заради изолација еден од друг и заради помало присуство на болнички бактерии.

Тој вели дека скандинавските земји и општо земјите на северот имаат болници во кои има мала концентрација на резистентни бактерии, за разлика од Балканските земји.

– Кај нас антибиотиците се употребуваа многу често, па ни се појавија различни соеви бактерии кои станаа резистентни на антибиотици. Инфекциите со нактерии знаеме дека се лекуваат со антибиотици, но од преголемата употреба нашите соеви се поотпорни, па тешко се наоѓа антибиотик на кој тие рагираат – рече вечерва д-р Пановски, во „Само вистина“.

Пановски смета дека е добро што толкав број пациенти веднаш беа распоредени во повеќе земји, а и долготрајното лекување нема да може да го спроведеме кај нас, затоа што имаме болници кои имаат мал капацитет, а во овие болници каде се сместени сека кочанските пациенти, имаат посебни центри и тие се издвоени во посебни соби. Заштитени и од меѓусебно ширење пактерии, а хгиената подобро се одржува на тој начин.