Skip to main content
Македонија

Д-р Јасмина Џундева во поткаст ЗРАК: Слушајте си го телото, одете и на второ мислење, најдете решение за карциномот

02/02/2025  21:30

Во најновата епизода на поткаст ЗРАК со д-р Марина на тема за женското здравје и колку е од особена важност раното дијагностоцирање на карциномот, во студиото разговараа специјалист доктор Даниел Милковски, од Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство, специјалист доктор Јасмина Џундева, од Универзитетската клинка за радиотерапија и онкологија и пациентката Елида, која пред гледачите ја раскажа својата животна приказна во борбата со карциномот.

Доктор Јасмина Џундева отворено зборуваше за патот кој пациентките го поминуваат во нивните амбуланти. Тие се преполни со пациенти, конкретно во гинеколошкиот оддел интензивно четири дена во неделата докторите се сретнуваат со онколошки пациенти.

Во Македонија најмногу ја имаме цервикалната патологија за жал, меѓутоа и оваријалните карциноми, да не ги заборавиме и ендометријалните кои во минатото ги гледавме кај постари пациенти, а сега се повеќе и помлади пациентки се соочуваат со оваа болест, додаде докторката.

– Тоа се најчесто приказни на пациентки со неколку успешни или неуспешни инвитра, и најчесто на 35 години веќе се со ендометријални карциноми.

Во однос на ПАП тестот таа вели дека пациентки кај што еден пап тест бил позитивен, за следниот не треба да се чека период од три години, туку тој треба да се направи и порано.

Докторката исто така нагласи дека за жал во денешно време се почест е карциномот кај помладите пациентки, а доаѓањето на лекар е многу често во подоцна фаза.

– Да упатам еден апел во однос на ендометријалниот карцином, бидејќи најчесто го гледаме кај пост менопаузални жени, еден апел до нашите баби, мајки: “Една капка крв во менопуза еден голем “!”  дека треба да се јавите на лекар.”

Македонската жена обично крие не го кажува тоа на време, додека стигнат на гинеколог да се направи киретажа. Една капка крв може да ви го спаси животот.

Џундева нагласи исто така дека опфатеноста во нашата држава со ХПВ вакцината е под 50% за жал, и никако да дојдеме до тој процент 50.

– И покрај сите апели и предавања од докторите кои одеа на македонската телевизија и покрај целокупното залагање на Министерството за здравство за превенција, секогаш најдобро е да го превенираш нештото наместо да го лечиш. Предрасуди за вакцината постојат, стравот за вакцината исто така постои. Но, среќни сме што ја имаме во Македонија деветвалентната вакцина затоа што штити од 9 различни типови на ХПВ. Затоа препораката е и мажите да се вакцинираат. И секогаш ја гледаме одбивноста кај родителите, прашања неодговорени, страв од таа вакцина…Тоа е единствената вакцина што ве штити од карцином, толку имам да кажам.

Меѓудругото истакна дека ги имаме сите алатки за борба, но неможеме да ги примениме затоа што не ни се децата прво вакцинирани со оваа вакцина.

Важно е пациентките да знаат да ги препознаат симптомите за оваријален карцином, бидејќи кај нас за жал се доста напреднати стадиумите, многу често имаме создавање на течност во стомакот или вода во белите дробови и тогаш е веќе напреден стадиум на овалијален карцином кој што според сите препораки прво тие пациенти доаѓаат на клиника, примаат терапија што на тамошните хирурзи им олеснува за операција. Кога ќе заврши пациентката со операција повторно се враќаат на клиника и продолжуваат со хемотерапија, се додаваат 3 до 4 циклуси со кои се доведува пациентката до ремисија на самата болест.

Докторката посочи дека сето тоа функцинира кога имате мултидисциплимарен тим, но за жал ова не е пракса во приватните клиники и многу често доаѓаат пациенти со болест кога не се доиследени, а се оперирани така да веќе тука и преживувањето на пациентката е намалено.

– За жал, имам пациенти ќе отидат кај лекар и болеста останува недоследена. Еден апел слушајте си го телото, одете на второ мислење, најдете решение за проблемот.