Skip to main content
Македонија

Д-р Чибишев: Чадот и отровните гасови од пожари се смртна опасност

31/08/2025  23:31

Д-р Андон Чибишев изрази жалење што повторно мора да предупредува на опасностите при учество во гаснење на пожари. Тој посочи дека граѓаните кои не се заштитени од штетното дејство на чадот и отровните гасови, како јаглеродниот моноксид и цијанводородот, се изложени на сериозна, па дури и смртна опасност.

„Ги молам граѓаните, па и професионалците, да користат заштитни средства и да бидат крајно внимателни, бидејќи последиците од труење со овие отровни гасови можат да бидат многу сериозни“, порача Чибишев.