Skip to main content
Македонија

Цветаноски: Демократијата повторно оживеа преку лидерството на Венко Филипче!

31/10/2025  17:55

Пишува: Симона Цветаноски, член на Извршниот одбор на СДСМ

Филипче покажа што значи вистинско демократско лидерство – доверба во народот, а не уцена и притисок.

Денешната изјава на претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, е пример за вистинско демократско лидерство. Со зборовите:

„Гласајте и изберете локална власт која е вистински сервис за граѓаните.“

Филипче не само што ги поттикна граѓаните да одлучат самостојно, туку покажа дека СДСМ верува во својот народ. Ова е порака која уште еднаш ја потврдува разликата помеѓу уцени и доверба – тоа е суштината на демократијата.
Таква искреност и политичка култура одамна не сме слушнале од ниту еден лидер во државата. Во време кога повеќето бараат да наредуваат, Венко Филипче избра да им верува на луѓето. Тоа е вистинската демократија – кога лидерот не ја бара слепата послушност, туку ја поттикнува свесноста и совеста кај секој поединец.

СДСМ денес го направи најдемократскиот чекор во својата понова историја. Наместо уцени – понуди доверба. Наместо поделби – обединување. Наместо наредби – вредности.

Верувам дека во недела граѓаните ќе ја препознаат оваа искреност и ќе ја дадат својата поддршка за СДСМ – партија што не дели, туку обединува, која не притиска, туку охрабрува. Венко Филипче со својот лидерски пример покажува дека чесното и посветено водство е можно и потребно.