
Како резултат на овие врнежи во наредните денови, како што појаснуваат, се очекува и зголемување на водостојот и на поголемите реки низ земјава особено на оние во јужните, централните делови и по повардарието.
„Денеска поголеми врнежи се очекуваат во јужните делови на земјата (околу планинскиот масив Кожуф) и во централните делови, односно во пределот на планинскиот масив Солунска Глава.
Предупредуваме за можно зголемување на водостоите на реките во овие делови на земјата. Можни поголеми зголемувања на водостоите и полнење на речните корита, пред сѐ на помалите реки и суводолиците се можни во Гевгелиско-Валандовската котлина, во Кавадаречко-Неготинскиот регион, како и во југоисточните и источните делови на земјата.
Предупредуваме на внимателно движење покрај реките и суводолиците во текот на наредните неколку дена поради локална можност од големи води и локално интензивно полнење на речните корита на помалите реки и суводолици низ земјава.“

