Skip to main content
Македонија

ЦУК: Три активни пожари, два се изгаснати

09/08/2025  17:31

На територијата на државата денеска до 12:30 часот имало вкупно пет пожари на отворен простор, од кои два се изгаснати, а три се водат како сè уште активни, информираат од Центарот за управување со кризи.

Активни се пожарите кај село Братиндол, во Општина Битола, каде гори гори сува трева во нива, пожарот во Општина Прилеп каде гори сува трева над касарната во Прилеп и во Општина Валандово каде гори сува трева покрај патот Валандово–Дојран.

Под контрола се два пожара и тоа во Општина Тетово каде гори ѓубре кај железничката станица и во Општина Ранковце каде гори ниска трева и ситна шума.