Skip to main content
Македонија

ЦУК со вонредна информација за обилните врнежи

22/11/2025  13:43

Според известувањата од сите регионални центри за управување со кризи (РЦУК), состојбата со водостоите на реките на територијата на Република Северна Македонија е стабилна велат од Центарот за управување со кризи:

Во Куманово, Липково и Старо Нагоричане нема излевање на реките. Реката Пчиња бележи намалување на нивото

Во Крива Паланка, Ранковце и Кратово нема поплавени куќи, а водостојот на Кратовска и Крива река е зголемен, но под контрола. Во Охрид се регистрирани поплавени подруми и дворови во помал обем, но по престанокот на врнежите состојбата се смирува. Екипите работат на расчистување на каналите и коритата.

Во Битола и Ресен нема нови излевања, реките се во своите корита, а теренските екипи продолжуваат со расчистување на мостови и пропусти.

Во Скопје, Струмица, Штип, Велес, Тетово и северозападниот регион состојбата е стабилна, без излевање на реките, а ситните одрони се отстрануваат од страна на надлежните служби.