Skip to main content
Скопје

ЦУК со детали за пожарот во Старата скопска чаршија

04/12/2025  21:45

Гори стара куќа во близина на црквата „Свети Спас“ во Старата чаршија во Скопје.

Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Мухамед Али соопшти дека избувнал пожар во 19:43 часот во старата куќа. Во гаснењето на пожарот интервенираат 12 пожарникари со 4 противпожарни возила.

Црквата „Свети Спас“ — еден од најзначајните споменици на културата во Скопје, источно од тврдината Кале. Црквата е споменик на културата заштитен со закон, и во неа е саркофагот во кого се сместени посмртните остатоци на македонскиот револуционер и борец за слобода на Македонија Гоце Делчев (1872-1903).

Засега нема повеќе информации за причините за пожарот.