Skip to main content
Хроника

ЦУК: Пробиштипјанец кој беше пријавен за исчезнат пронајден починат

01/05/2025  15:30

К.П. од Пробиштип, кој бил пријавен за исчезнат, синоќа околу 21:30 часот бил пронајден починат. Според првичните информации лицето е починато од природна смрт, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Од СВР Штип информираат дека Благој Стојанов од Пробиштип го пријавил К.П. од Пробиштип како исчезнато лице. Во пријавата е наведено дека двајцата заедно биле на риболов на Злетовска Река во атарот на село Жиганци, од каде К.П. исчезнал и му се губи трага.