
До 18 часот попладнево на територијата на земјава се регистрирани девет пожари на отворен простор, од кои еден е активен, а изгаснати се осум, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Активен е пожарот на градската депонија во Штип.
Изгаснати се осум пожари на отворен простор:
Општина Гевгелија: планина Кожуф (приземен пожар);
Општина Брвеница: с. Милетино (ниска вегетација);
Општина Кичево: с. Шутово (ниска вегетација и стрниште);
Општина Центар Жупа: с. Горенци (депонија и ниска вегетација);
Општина Гази Баба: Вардариште (депонија);
Општина Шуто Оризари 1: Визбегово, пат за Горно Оризари (ниска вегетација);
Општина Шуто Оризари 2: ул. „5“ во Визбегово (ниска вегетација);
Општина Кисела Вода: ул. „Христо Татарчев“ (ниска вегетација).