Skip to main content
Македонија

ЦУК: До 10:00 часот утрово во државава има четири пожари и истите се под контрола

31/08/2025  11:24

Денес, до 10:00 часот, на целата територија на државата се регистрирани вкупно четири пожари на отворен простор, кои се успешно ставени под контрола.

Според информацијата од Центарот за управување со кризи, пожарите кои се контролирани се лоцирани во општина Македонски Брод, поточно во повеќенаменското подрачје Јасен, како и во општина Гевгелија на планината Кожуф.

Дополнително, активни пожари кои се под надзор има и во општина Долнени, во селото Долгаец, и во општина Делчево, кај градската депонија.