Skip to main content
Македонија

Црвениот крст Берово апелира за донации за екипите што се борат со пожарот

29/07/2025  13:01

Општинската организација на Црвен крст Берово упати апел до граѓаните за донации на храна и пијалоци, наменети за екипите кои го гаснат шумскиот пожар што го зафати подрачјето на општина Берово. Апелираа сите кои се во можност да се вклучат во поддршката на било каков начин, а во рамки на своите можности.

-Во овие тешки моменти, екипите на терен несебично се борат со огнената стихија за да ја заштитат природата која не опкружува. Ве повикуваме сите кои сте во можност да донирате нерасиплива и конзервирана храна, флаширана вода, електролити и освежителни пијалоци, стои во објавата на Црвениот крст Берово.

Пунктот за донации е отворен во салата на Општина Берово, секој ден од 08:00 до 15:00 часот.

Од Црвениот крст изразија благодарност за покажаната хуманост и солидарност, и ја повикаа јавноста да продолжи со поддршката за „хероите на терен“.