Skip to main content
Македонија

Црвена младина: НЕ за селективна правда, доста ни умираат врсници, поддршка и апел за масовно присуство на „Марш за ангелите”

28/04/2025  16:25

Соопштение на Левица:

Пред сѐ, како млади луѓе кои загубија свои врсници и секојдневно се соочуваат со страв од статус кво, од неодговорност на надлежните, од неправдата што станува правило, како млади луѓе кои стравуваат за својот живот, безбедност и иднина – апелираме на масовна поддршка за протестниот марш на родителите на убиените деца од Кочани.

Должност на секој млад човек, средношколец, студент е утре (29.4.2025) во 12:05 часот да ги натера надлежните да преземат одговорност и да се изборат за неселективна правда заедно со родителите. 
Утре сите заедно ја напуштаме наставата и да се приклучи е на протестниот марш со почеток од пред Јавното Обвинителство во Скопје, до Собранието каде во исто време ќе се одлучува и по Интерпелацијата за Министерот за внатрешни работи – Панче Тошковски.

Истовремено, ги повикуваме професорите да се соживеат со болката и стравот што младите го чувствуваат, да покажат разбирање, ослободувајќи ги учениците и студентите од настава за да можат достоинствено да го искажат својот отпор против неправдата.