Skip to main content
Македонија

Црвен крст: Досега собрани 51.8 милиони денари, акцијата продолжува

22/03/2025  12:26

Од Црвениот крст денеска соопштија дека досега се собрани 51.822.579 денари за поддршка на настраданите од пожарот во Кочани и нивните семејства, соопшти денеска Црвениот крст.

Оттаму информираат дека се во фаза на подготовка за првична исплата на дел од собраните средства, кои ќе бидат наменети за најитните потреби на погодените граѓани.

„Секој придонес е важен. Ги повикуваме граѓаните, компаниите и институциите и понатаму да ја покажат својата хуманост и солидарност кон оние кои се соочуваат со најтешките моменти. Упатуваме голема благодарност до сите кои досега донираа“, велат од Црвениот крст.

Хуманитарната акција не застанува, а сите заинтересирани можат да донираат преку жиро-сметката на Црвениот крст или со испраќање СМС порака на бројот за донации.