Skip to main content
Балкан

Црногорско МНР: Немало дипломатски разговори за можноста за прифаќање мигранти од САД

12/06/2025  12:21

Подгорица и Вашингтон не воделе дипломатски разговори за можноста Црна Гора да прифати мигранти протерани од САД, соопшти Министерството за надворешни работи на Црна Гора.

„Досега немаше комуникација со САД за тоа прашање“, изјави за „Вијести“ одделот во врска со тврдењето на американскиот Блумберг дека администрацијата на Трамп се обидува да ги убеди земјите од Западен Балкан да прифатат мигранти чиј престој во САД е укинат.

Врз основа на одговорот од Министерството, кој го објавува подгоричкиот весник, официјална Подгорица не го објавува својот став за можноста за прифаќање граѓани на трети земји од САД.

Владата е прецизна во однос на црногорските граѓани кои немаат регулиран престој во САД и кои, како што велат, „секогаш“ можат да се вратат во Црна Гора