
Изминува првата недела од војната помеѓу САД и Израел од една и Иран од друга страна.
Додека конфликтот се проширува, расте и бројот на човечки жртви како и бројот на повредени лица.
Од почетокот на војната во Иран загинале над 1350 лица, додека 2000 лица се повредени и примаат медицинска помош.
Портпаролот на иранското Министерство за здравство, Хосеин Керманпур, ги сподели овие информации:
- Повеќе од 2.000 повредени лица моментално се на болничко лекување.
- Досега се извршени повеќе од 625 операции.
- Најмладата пациентка е четиримесечно девојче од Полдоктар во покраината Лорестан, западен Иран. Најстарата е 94-годишна жена од Сакез во покраината Курдистан, северозападен Иран.
- 198 од убиените се жени.
- Меѓу убиените има осум здравствени работници.
- 30 здравствени работници се повредени.
- 11 болници, осум центри за итна медицинска помош и 12 амбулантни возила се оштетени од проектили.
И покрај ваквите црни статистики, засега нема најава дека војната наскоро ќе престане, затоа што и Иран и САД и Израел се чини дека се подготвени за долга борба.


