Skip to main content
Економија

„Црн петок за маркетите“ – повик за нов бојкот

04/02/2025  19:35

Под мотото „Црн петок за маркетите“ граѓани на социјалните мрежи се организираат за нов бојкот на маркетите закажан за овој петок (7.2.2025)

Граѓаните се револтирани од цените на основните продукти кои постојано одат нагоре, а во заштита на животниот стандард не помогна ниту владината мерка „новогодишна кошничка“.

Граѓаните минатата недела односно во петокот за прв пат организирано бојкотираа пазарење во маркети и само за тоја ден осумте најголеми синџири маркети забележаа пад на прометот за над 46 проценти.