Skip to main content
Македонија

ЦИОС против МЖ транспорт: 20годишната институционална тишина може да ја чини државата 24 милиони евра

13/10/2025  11:28

Долгот на Македонски железници – транспорт АД Скопје кон Хрватски железници карго, повеќепати потврден и признаен од надлежните, две децении останува без решение, а каматата расте за речиси два милиони евра годишно.

Судскиот процес е веќе започнат, а главната расправа е закажана за месецов. Сè уште не е познато со кои аргументи Државното правобранителство ќе ги брани интересите на државата, особено имајќи предвид дека долгот е официјално признаен од сите директори на Македонски железници транспорт и објавен во нивните годишни бизнис планови.

Побарувачот – компанијата ЦИОС (CIOS) Загреб, станала формален доверител на долгот во 2011 година, кога на јавен тендер го откупила побарувањето гарантирано од Хрватски железници карго. Од тој момент, ЦИОС постојано упатува иницијативи за спогодба и предлози за прекин на каматата, секогаш во согласност со правилата за пресметки на Меѓународната железничка унија (UIC). Сепак, институциите во Македонија веќе повеќе од една деценија не реагираат и не влегуваат во процес на преговори.

Согласно Планот на поделба на Македонски железници, верификуван со Одлука на Владата од 8 мај 2007 година, долгот за железнички превоз кон странски железници – за периодот 1991–1995 и понатаму од 1996 година – ѝ припаднал на ЖРСМ транспорт АД Скопје. Во документот јасно е наведено дека главницата изнесувала 3.842.386 евра, а со камати на 31 август 2023 година достигнала цели 25 милиони евра.

Во истиот план стои дека сите други долгови од тој период – освен со Хрватска и Бугарија – биле решени преку посредство на Меѓународната железничка унија (UIC) од Париз, која во случајот има и улога на гарант на обврските. Спогодбите биле прифатени со отпис на камати и намалување на главниот долг за 51%, поткрепени со државна гаранција за плаќање.

И покрај ваквите примери на успешно решени спорови, македонската држава две децении не презема мерки за решавање на долгот кон Хрватска. Нејасно е како и зошто сите влади од 2007 година до денес дозволиле меѓународно признаен долг од нешто помалку од 4 милиони евра да порасне до 25 милиони евра, притоа игнорирајќи ги повторените предлози за спогодбено решавање