Skip to main content
Балкан

Цетиње во шок – Ацо Мартиновиќ осомничен за крвав масакр, полицијата трага по него

01/01/2025  20:23

Ацо Мартиновиќ, осомничен за повеќекратно убиство во Цетиње, започнал крвавиот пир во кафеаната „Велестово“ во близина на Спортскиот центар, објави Вијести.ме.

Според полициското соопштение, Мартиновиќ убил најмалку четири лица, меѓу кои и членови на своето семејство, по што вооружен го напуштил објектот и побегнал. Потоа продолжил да пука и надвор од кафеаната.

Полицијата предупредува – осомничениот е вооружен и опасен.

Сите полициски единици, вклучително и Специјалната полициска единица, се на терен и преземаат мерки за лоцирање и приведување на сторителот.

„Апелираме до граѓаните на Цетиње да останат смирени и да не ги напуштаат своите домови. Не примајте непознати лица додека трае полициската акција“, стои во соопштението.

Во Клиничкиот центар на Црна Гора биле донесени тројца мажи и една жена со повреди од пукањето.

Според „Вијести“, Мартиновиќ не е поврзан со организирани криминални групи, но е познат како лице со проблематично однесување и претходно бил приведуван за недозволено поседување оружје.