Skip to main content
Свет

Центарот на Мандалеј уништен од земјотресот, десетици луѓе затрупани во урнатините

28/03/2025  09:03

Првата снимка доаѓа од Мјанмар, од градот Мандалеј, во чија близина се наоѓал епицентарот на разорните земјотреси.

Се известува дека се урнале бројни згради.

Според неофицијални информации, десетици луѓе се затрупани во урнатините во Мјанмар.

На социјалните мрежи кружи фотографија која наводно е направена на меѓународниот аеродром Мандалеј, недалеку од епицентарот. На фотографијата се гледа како паднал дел од таванот.