Skip to main content
Свет

Цените на нафтата паднаа за 5 отсто по нападот на Иран врз американската воена база

23/06/2025  21:17

Цените на нафтата паднаа за повеќе од пет проценти денеска откако Иран нападна американска воена база во Катар како одмазда за американските напади врз иранските нуклеарни постројки за време на викендот.

Фјучерсите за West Texas Intermediate паднаа за 5,3 проценти на 69,96 долари за барел, додека фјучерсите за нафта од типот Брент паднаа за слични износи.