
Осврнувајќи се на кризата на Блискиот Исток и цените на енергенсите, експертот за енергетика Митко Андреевски во Топ Тема оцени дека цената на нафтата ќе порасне но тоа нема да биде толку драматично како што е денес цената на природниот гас.
„Имајќи предвид она што сега го имаме и што се случува во персискиот залив, цената на нафтата ќе порасне, но не така као што се случува со природниот гас. Кратко е времето да донесеме било каква предикција што не чека. Експортот на природен гас и на природен гас од Америка е зголемен, пред 3-4 години во Европа имавме домимантно руско снабдување со природен гас, тоа е сега заменето од извори во Америка. Вклучително Канада го зголемува произвдоството на природен гас и Австралија е сериозно голем експортер, доставувач на природен гас“ посочи Андреевски.
Тој упати апел до граѓаните да не креваат паника, да не создаваат колони на бензинските пумпи затоа што нафтени деривати има доволно а државата има добра диверсификација на снабдување со енергенси.


