
На 28.06.2025 во 12.27 часот во СВР Куманово е пријавено дека околу 12.15 часот во с.Кокошиње, кумановско, настанал пожар на сува трева, а потоа од пожарот целосно опожарена била куќа и помошни простории, сопственост на Д.Т.(36), како и сандаци за пчели, сопственост на А.М.(28) и ниви со насади, сопственост на Л.С.(59).

Од страна на Територијално противпожарната единица Куманово пожарот е изгаснат. Повредени лица нема. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Куманово.