Skip to main content
Хроника

Целосно изгоре возило во Петровец

28/10/2025  13:33

Возило целосно изгоре во пожар во Петровец.

– На 27.10.2025 во 15:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека во село Горно Коњари, општина Петровец, настанал пожар на патничко возило „фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на А.Т.(29) од Скопје, кое целосно изгорело, стои во денешниот полициски билтен.

Повредени лица нема, а пожарот е изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Увид бил извршен.