Skip to main content
Македонија

“Цела Влада оставка” – бараат граѓаните на денешниот протест пред Влада (ВИДЕО)

24/03/2025  20:26

Граѓаните пристигнаа пред Владата на Република Македонија од каде побараа оставка од сите членови на истата.

Најпрво следеше повторен молк за загинатите млади животи, за потоа граѓаните да продолжат да извикуваат “УА”, “Убијци” и “Цела Влада оставка”.

И покрај дождот огромен број на граѓани, околу 5 илјади, дојдоа и денес да бараат одговорност и промена на системот кој како што велат убива.

Протестниот марш започна од Плоштад Македонија, па граѓаните поминаа покрај старата Градска болница каде со аплауз ги поздравија докторите и медицинскиот персонал кој се грижи за сите повредени во трагедијата, па застанаа пред Собранието на Република Макдонија, а од таму се упатија пред Влада.