Skip to main content
Музика

Цеца при најава на концерт во Велес не ослови со Северна (ВИДЕО)

27/08/2025  18:03

Крива Паланка овој петок ќе биде домаќин на балканската музичка ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ, заедно со пејачот Мирза Селимовиќ и диџеј Галоски, кои ќе настапат под отворено небо.

Големо внимание во јавноста предизвикуваат концертите на регионалните пејачи во Македонија, организирани под покровителство на локалните самоуправи. Така беше и на 2 август во Охрид, каде што настап имаше Лепа Брена, односно претехно се викаат регионални ѕвезди наместо македонски изведувачи.

Дополнителна реакција предизвика и најавата на самата Цеца, која на својата објава на официјалниот фејсбук-профил таа напиша дека ќе пее во „Крива Паланка, Македонија“, додека за настапот во Велес во ноември го наведе „Велес, Северна Македонија“.

Оваа разлика во именувањето на државата отвори нови коментари и полемики на социјалните мрежи.