Skip to main content
Македонија

Чупеска: Граѓаните ја изгубија вербата во демократските институции и во можноста за остварување на правда

20/09/2025  15:05

Ако се уништи едно општество, де факто, ако се создаде средина на безредие, не може да има услови за било-какво политичко устројство, а најмалку па за демократија, порача професорката Ана Чупеска во интервју за порталот Рацин.мк.

Чупеска смета дека македонското општество има голем проблем, затоа што граѓаните веќе ја изгубиле довербата во институциите.

„Уништувањето на општеството, кое секогаш е придружено со уништување на довербата, е нашата најголема закана за опстанок, впрочем, тоа го сведочивме токму последниве 6 месеци, имено после Кочани, особено го чувствуваме. Тоа директно се одразува и на стабилноста на државата, односно на безбедноста на граѓаните. Кога граѓаните ја изгубиле вербата во демократските институции и во можноста за остварување на правда, тогаш имаме не мал туку голем општествено-политички проблем“ вели Чупеска.

Според неа, луѓето стануваат отуѓени, апатични, резигнирани, а постојаното уништување на социјалната кохезија и оправданата недоверба во институциите, на крајот доведува до целосно изолирање на граѓаните од политиката.

„Но сето тоа не е на долг рок. Следната фаза е имплозија. Во таква состојба, недај Боже да дојдеме, многу е опасно“ заклучи Чупеска