
На денешната седница на Општината Чучер Сандево е донесена одлука да се прогласи вонредна состојба во општината поради пожарите кои беснеат на тоа подрачје веќе два дена.
Како што истакна градоначалникот Сашко Комненовиќ ситуацијата се уште е загрижувачка и опасна поради пожарот кој избувна помеѓу селата Блаце и Чучер Сандево, се до село Кучевиште.
“Ситуацијата е сериозна и динамична и бара постојано вклучување на сите расположливи ресурси. Пожарот зафати густа нискостеблеста и мешана шума, на многу непристапен терен, а силниот ветер дополнително го отежна неговото гасење.
Она што ме загрижува и што сакам да го алармирам е тоа дека забележувам спора реакција од надлежните институции во однос на гаснењето на пожарот. Во вакви моменти секоја минута е важна и пресудна”, рече тој.
Градоначалникот истакна дека не сака да критикува, но истакна дека вчера владата се пофали со новите хермелини за кои како што кажаа се подготвени за гасење на пожарите па запраша зошто истите не се ставаат во функција при овој пожар, односно истакна дека е забележан само еден таков хермелин.
Целата изјава погледнете ја во продолжение: