
Жителите на скопската населба Козле се вознемирени откако глутница лисици е забележана во урбано подрачје, на улицата Ловќенска.

Од она што може да се види на видеото излезени се по храна, па буквално се пуштени во лов со цел да се нахранат, додека жителите на оваа населба живеат во страв за своите деца кои секојдневно се движат низ улиците.