
Здравко Чолиќ, утрово бил испрашуван во Вишото јавно обвинителство во Белград, кое води истрага против осомничените за бомбашкиот напад врз неговата куќа, информира Курир.рс.
Чола не се придружил на кривичното гонење на осомничените, а за време на испрашувањето изјавил дека не знае кој стои зад нападот бидејќи „никому ништо не должи и нема конфликти“.
– За време на сослушувањето, Чолиќ изјавил дека не е тип на човек што влегува во конфликти, особено не во конфликти што би предизвикале некој да го нападне на овој начин. Тој рекол дека не се приклучува кон кривичниот прогон, бидејќи верува дека биле уапсени само извршители на нечија наредба – открива изворот на Курир.рс.
Познатиот пејач изјавил и дека бил во Загреб во времето на бомбашкиот напад и дека не бил дома, но дека се смирил кога дознал дека неговите ќерки и сопруга се добро и дека никој не е повреден. Според неофицијални информации, тој исто така рекол дека куќата не претрпела поголеми штети.
Чола пристигнал во Палатата на правдата утрово кратко пред 8 часот наутро во друштво на негови соработници. Тој останал во обвинителството околу еден час.

