Шест лица од политичката партија Десна, која до неодамна ја предводеше Љупчо Палевски-Палчо, се појавија пред судот каде се одржува рочиштето за двојното убиство на Вања и Панче. Со звучник во рака, тие изразија став дека правосудниот систем е пристрасен, го бранеа обвинетиот и бараа да се одблокираат просториите на партијата, каде што, според обвинителството, престојувале дел од обвинетите, вклучително и Палевски објави скопје1.мк.
„ОЈО за некого е мајка, за некого маќеа“, изјавија од Десна, алудирајќи на наводна неправда во постапката.
Демонстрантите исто така носеа транспарент на кој пишуваше: „ОЈО произведува монструми, не политичката партија Десна“, со што ја изразија својата критика кон Обвинителството и неговиот однос кон случајот.