Skip to main content
Скопје, Хроника

Чичко Југо загина под сопствениот прозор – мотор го прегази на пешачка зона на кејот во Скопје бегајќи од полиција

02/07/2025  11:03

„Да умрам недалеку од местото кај што се родив, најчесто се поистоветува со човековата желба, честопати вкоренета во чувството на поврзаност со сопственото потекло и желбата за враќање кон домот, корените… Чичко Југо, татко на две прекрасни ќерки кои израснаa во прекрасни мајки и му подарија три внучиња. Чичко Југо на никого ништо не му згришил, да не го знаеш ќе се чудиш од каде толку фин, културен, кога и да те види ќе те поздрави, ќе ти направи секогаш фин муабет. Нема човек кој не го сакаше, не го почитуваше. Чичко Југо загина под сопствениот прозор, буквално под сопствениот прозор. Го убија со мотор, скап мотор, без таблички, бегајќи од полиција на Кеј 13 Ноември, покрај Паркот на Франкофонијата, каде што секогаш си играат нашите деца, кои беа сведоци на настанот. Секогаш ќе те памтиме само по добро чичко Југо“, вели најдобриот пријател на Југо, Дончо Наумовски за човекот кој го прегазија со мотор под прозорецот каде што живее, на кејот на Вардар.

На моторот, според информации на роднините имало две лица, кои бегале од полиција.

„Го убија на пешачка зона“ вели роднина на загинатиот Југо.