Skip to main content
Спорт

Четврти пораз на македонските кошаркари на јуниорското ЕП

09/07/2025  16:34

Македонската женска јуниорска кошаркарска репрезентација ја продолжи серијата порази на Европското првенство во Б дивизијата кое се одржи во Литванија, откако денеска во последното коло од групната фаза загуби од Ирска со 56-89.

Со овој пораз, македонските јуниорки останаа на последното место во групата А без освоен бод и ги продолжуваат настапите со натпреварите за пласман од 17 до 21 место на турнирот во Литванија.

Најефикасна во македонските редови денеска беше Колева, која уфрли 24 поени, а додаде и шест асистенции, додека двоцифрен ефект со десет поени забележа и Начевска.

Во рамки на групната фаза, Македонија претходно претрпе убедливи порази од Германија, Романија и Шведска.