Skip to main content
Свет

Четворица мртви откако маж ја застрела својата партнерка и децата во северозападна Германија

29/09/2025  18:30

Маж смртно ја застрела својата партнерка и двете деца во германскиот град Олденбург, во северозападниот дел на земјата, пред да си го одземе животот – соопшти денеска локалната полиција.

Истражителите првично не дадоа повеќе детали за идентитетот на жртвите.

Инцидентот се случил утрово во станбена зграда во населбата Остенбург.

Откако биле алармирани од сведоци, полицајците пронашле четири тела и оружјето кое се сомневаат дека било користено, изјави портпарол на полицијата. Тој не даде детали за видот на оружјето.

Полицијата соопшти дека не сака да објавува дополнителни информации од почит кон семејството на жртвите.

Портпаролот исто така рече дека училиштата на децата сè уште не се известени за инцидентот.