
Четири танкери за нафта управувани од грчки компании денеска беа погодени од неидентификувани дронови додека пловеа низ Црното Море кон терминалот на Конзорциумот за касписки гасовод (CPC) покрај рускиот брег, јавуваат руските медиуми. Сè уште не е јасно кој стои зад нападите, а ниту Украина ниту CPC не коментирале за инцидентот.
Ова не е прв пат да се изврши напад на инфраструктурата на CPC на 29 ноември украински сили со дрон погодиле едно од трите главни пристаништа на компанијата во близина на Новоросијск, што доведе до намалување на извозот и производството на нафта во Казахстан.
Според извори запознаени со податоците, производството на нафта и гас во Казахстан се намалило за 35 проценти помеѓу 1 и 12 јануари, главно поради ограничувањата за извоз преку терминалите на Црното Море. Министерството за енергетика на Казахстан денеска соопшти дека CPC продолжува да извезува нафта преку едно пристаниште.

