
На 06.11.2025 во Полициската станица Струмица 42-годишен маж од струмичко пријави дека пред околу една недела четири малолетни лица насилно се однесувале кон неговиот малолетен син, а таквото однесување го снимиле и објавиле на социјалната мрежа „Тик Ток“.
По пријавување на настанот, од страна на полициски службеници од СВР Струмица се преземени мерки за негово расчистување и во ПС Струмица се повикани инволвираните малолетници, со кои се извршени службени разговори во присуство на нивните родители.
Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и Центарот за социјални работи Струмица.
По документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок по Закон за правда за децата.

