Skip to main content
Хроника

Четири лица повредени по сообраќајка на патот Кичево – Гостивар

31/05/2025  14:59

На 30.05.2025 година во 16.10 часот, на магистралниот пат Кичево- Гостивар кај кичевското село Колари, случена е сообраќајна незгода помеѓу патничките моторни возила „Артеон” со скопски регистарски ознаки, управуван од А.Р.(38) од Скопје, „Голф” со кичевски регистарски ознаки, управуван од Б.Т.(22) од Кичево,„Митсубиши” со скопски регистарски ознаки, управуван од В.А.(61) од Скопје и „Сеат” со охридски регистарски ознаки, управуван од Д.Ѓ.(56) од Македонски брод.

Притоа, со медицинско возило  во Општата болница во Кичево, пренесени се возачите на возилата „Сеат” и „Митсубиши” како и Р.И.(20) од Кичево, сопатник во возилото „Голф” кај кои, констатирани се телесни повреди додека сопатничката во возилото „Сеат”-С.Ѓ.(55) од Македонски брод, се здобила со тешки телесни повреди и е пренесена во ургентен центар „Мајка Тереза” во Скопје.

Увид на местото на незгодата извршија полициски екипи.