
На 19 и 20 јануари 2026 година, четворица возачи беа лишени од слобода поради управување на возила под дејство на алкохол, а двајца од нив предизвикале и сообраќајни незгоди.
- На 20.01.2026 во 00:40 часот, на ул. „Орце Николов“ во Свети Николе, полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишија од слобода А.Ј.(38) од Свети Николе. Тој со патничко возило „тојота“ удрил во две паркирани возила. Притоа, измерено му било 1,97 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.
- На 19.01.2026 во 14:36 часот, на ул. „14 Јуни“ во Македонска Каменица, полициски службеници од ОВР Македонска Каменица го лишија од слобода М.М.(59) од с. Моштица. При контрола во патниот сообраќај, измерено му било 2,13 промили алкохол во крвта.
- На 19.01.2026 во 16:00 часот, на ул. „22 Октомври“ во Радовиш, полициски службеници од ОВР Радовиш го лишија од слобода А.К.(55) од Радовиш, кој претходно удрил во паркирано возило и го напуштил местото. Измерено му било 1,75 промили алкохол во крвта.
- На 20.01.2026 во 00:55 часот, на ул. „11 Октомври“ во Ресен, полициски службеници од ОВР Ресен го лишија од слобода И.П.(35) од с. Избиште. При контрола, измерено му било 1,87 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на случаите, против сите четворица ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
