Четири автомобили вечерва учествуваа во судар на улица Илинденска во центарот на Скопје.
Возилата се судриле на потегот од Влада кон Фонтаната во градскиот парк. Три автомобили имаат посериозна штета. Нема информации за повредени.
На лице место е полицијата која врши увид, а возилата се креваат со пајак за да се ослободи лентата од улицата.