Skip to main content
Хроника

Четири автомобили се судрија на патот кон Крива Паланка, тројца од возачите се тешко повредени

28/12/2024  11:24

На 27.12.2024 година во 12.15 часот во СВР Куманово било пријавено дека на магистрален пат Куманово- Крива Паланка се случила сообраќајна незгода помеѓу четири патнички моторни возила: „Опел астра” со кривопаланечки регистарски ознаки управувано од Т.И. (64) од Крива Паланка,  БМВ” со кумановски регистарски ознаки управувано од А.К. (36) од село Алгуња, општина Старо Нагоричане, „Форд куга” со скопски регистарски ознаки управувано од П.П.(60) од Скопје и возило „Волво” со скопски регистарски ознаки управувано од Б.Н.Т. (31) од Скопје.

MK Summit

Во незгодата со тешки телесни повреди констатирани од лекар од Општата болница Куманово се здобиле возачите Т.И., А.К.  Б.Н.Т, додека пак сопатниците С.С., А.К., С.К. и А.К. се здобиле со телесни повреди.

Увид извршила екипа од СВР Куманово.