Skip to main content
Хроника

Четири автомобили изгореа во Капиштец

27/08/2025  09:53

Во ноќта меѓу 26 и 27 август 2025 година, во скопската населба Капиштец избувнал пожар во кој биле опожарени четири патнички моторни возила.

Според пријавата во СВР Скопје, на 27.08.2025 во 02:05 часот било пријавено дека во Центар, Скопје, било опожарено возило „фиат“ со скопски регистарски таблици, сопственост на правно лице. Од пожарот биле зафатени и возилата „шевролет авео“ со охридски регистарски таблици, сопственост на М.И. (21) од Охрид, „фиат пунто“ со скопски регистарски таблици, сопственост на Е.Т. (20) од Скопје и „сузуки“ со скопски регистарски таблици, сопственост на С.М. (54) од Скопје.

Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а увид на местото на настанот ќе се врши во текот на денот, соопшти МВР.