Skip to main content
Магазин

Често будење меѓу 2 и 3 часот наутро може да сигнализира здравствени проблеми

04/09/2025  00:08

Доколку често се будите во текот на ноќта, особено меѓу 2 и 3 часот наутро, тоа може да биде знак за основни здравствени проблеми, предупредува д-р Ерик Берг од САД.

„Како повторно да заспиете ако се разбудите среде ноќ? Јас би се сметал себеси за експерт за несоница, бидејќи ја имав повеќе од 10 години и ми го уништуваше животот“, вели докторот.

Причината, објаснува тој, е поврзана со кортизолот – хормонот на стрес. Обично, нивото на кортизол е најниско околу 2 часот наутро, но кога се зголемува, тоа може да предизвика ноќни будења и нарушувања на спиењето кои ја нарушуваат дневната рутина.

Берг советува да се провери нивото на магнезиум во телото, бидејќи неговиот недостаток може да го зголеми кортизолот и да предизвика проблеми со спиењето. Магнезиумот игра важна улога во мускулната релаксација, спречување на стресно напрегање на мускулите и намалување на ризиците поврзани со лош сон, како срцеви болести, деменција и дијабетес.

Недостатокот на магнезиум е редок, но може да се појави кај лица со проблеми во апсорпцијата на минерали, по операција, тешки изгореници, употреба на одредени лекови или ниско ниво на калциум во крвта. Според науката, обезбедувањето доволно магнезиум може да помогне во намалување на кортизолот и подобрување на квалитетот на спиењето.