Skip to main content
Македонија

Час и половина по гласањето, само СДСМ не се огласија за изборниот ден

02/11/2025  20:37

На чес и половина по затворањето на гласачките места, политичките партии излегоа со првични оценки за изборниот ден, а некои од нив веќе и соопштија првични резултати од дел од општините.

Единствено од СДСМ има целосен молк. До овој момент (20:30 часот) од партијата нема никајва најава за прес-конференцијата, ниту пак партијата излезе со некакво соопштение.

Во меѓувреме, најава за прес-конференција дојде само од кандидатот за градоначалник на општина Центар, Горан Герасимовски кој најверојатно доби уште еден мандат.

Според прелиминарните резултати од ДИК, СДСМ покрај Центар води и во Македонска Каменица и Крушево