
Млад чаирчанец вчера физички се нафрлил на свој многу постар сосед и му го оштетил автомобилот после расправија за паркинг место, соопшти МВР.
Имено, вчера во 19:30 часот во СВР Скопје, В.В.(80) од Скопје пријавил дека околу 9:45 часот на подрачјето на Чаир, по претходно недоразбирање околу паркинг простор, бил физички нападнат од неговиот сосед С.Р.(27) од Скопје, кој употребил и тврд предмет и му го оштетил возилото.