
Утре ќе се одржи официјална промоција на најновиот концепт за споделување возила – Car Sharing, кој е дел од заложбите за одржлив урбан транспорт и намалување на загадувањето.
Настанот ќе го означат Првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, г. Изет Меџити, и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, г-ѓа Сања Божиновска.
Министрите ќе пристигнат пред платото на Владата со првото електрично возило на Avant2Go Car-Sharing – Македонија, симболично означувајќи го стартот на оваа иновативна услуга за мобилност по потреба.
По пристигнувањето, министрите Меџити и Божиновска ќе дадат изјава за медиумите, каде ќе ја потенцираат важноста на Car Sharing како современ модел за користење електрични возила и значаен чекор кон одржлив урбан развој.