Skip to main content
Свет

Бура во Мексико: Над 20 загинати лица

11/10/2025  08:39

Мексико се најде под налет на обилни дождови и силна бура при што загинаа најмалку 23 лица, а десетици се водат како исчезнати

Поројните дождови предизвикаа неколку лизгања на земјиштето, прекинаа со електричната енергија во некои општини и предизвикаа излевање на реките.

Во државата Керетаро загинало едно дете, а во Веракруз животот го загубил полициски службеник додека учествувал во спасувачка акција.

„Владата работи на расчистување на патиштата, обновување на електричната енергија и обезбедување храна и засолниште за погоденото население“, изјави мексиканската претседателка Клаудија Шеинбаум, најавувајќи дополнителни ресурси за најпогодените региони.

Министерството за одбрана соопшти дека распоредило повеќе од 5.400 лица за да помогне во следењето, евакуацијата и чистењето на погодените области.

Во меѓувреме, бурите Рејмонд и Присила ја погодија  Калифорнија и западниот брег на Пацификот во земјата.