
Невообичаено снажно невреме попладнево го зафати романскиот главен град Букурешт. Интензивен пороен дожд паѓаше повеќе од еден час и ги поплави улиците, а ветрот, кој дуваше со брзина од 70 километри на час, откорна дрвја и покриви на куќи и згради, пренесоа локалните медиуми.

Valuri in Bucuresti pic.twitter.com/OdFp8KgamL
— aktual24.ro (@ak24ro) June 9, 2025
Многу возачи останаа заглавени во автомобилите и во сообраќајниот хаос предизвикан од силната луња. Многу автомобили се згмечени од паднати дрвја.
Поради лошото време, неколку летови од Букурешт полетаа со доцнење, а авионите од Париз, Штутгарт и Клуж-Напока не можеа да слетаат на меѓународниот аеродром „Хенри Коанда“ (Отопени), па беа пренасочени кон Констанца и Крајова, соопштија аеродромските власти.
Rupere de nori in Bucuresti pic.twitter.com/yiiqgFOBHA
— aktual24.ro (@ak24ro) June 9, 2025
– Високата влажност и температурите над просекот придонесуваат за вакви појави, особено бидејќи јуни е највлажниот месец во годината во Романија – изјави за Диџи24 директорката на Националната метеоролошка служба, Елена Матееску. Таа најави дека следуваат периоди на нестабилност и високи температури до 35 степени.
Метеоролозите велат дека јуни е највлажниот месец во годината во Романија, што значи дека може да се очекува интензивен дожд, но и нив ги изненадила силата на невремето што попладнево го погоди Букурешт.
Букурешт столчен од страотно невреме – ветрот корнеше дрвја, дождот направи реки од улиците